Германска компанија направи соларен автомобил кој се полни додека возите

- Advertisement -

Стартап компанијата Sono Motors, со седиште во Минхен летово го искористи силното баварско сонце за да ја тестира финалната верзија на својот соларен систем за полнење на автомобилот Sion, кој е целосно електричен соларен автомобил кој ви возможува да го полните додека возите.

Германија веројатно нема да ја достигне целта да има 1 милион електрични автомобили на патиштата до 2020 година, но владата истакна дека ќе им даде поддршка на компаниите кои прават батерии за електрични автомобили. Sono Motors е основана во 2016 година и го произведува Sion, целосно електрично возило кое има интегрирано соларни ќелии. Може да се полни со соларна енергија или преку штекер, пишува Reuters.

- Advertisement -

Поизводството ќе почне до втората половина од 2019 година и од компанијата велат дека веќе има повеќе од 6.500 нарачки. Автомобилот ќе почне да се продава идната година по цена од 16.000 euros евра. Sion ќе има 330 соларни ќелии поставени на покривот и од страните и батериски систем кој овозможува максимален досег од 250 км пред да треба да се наполни.

„Автомобилот има грејачи за седишта, клима уред, голем систем за забава, каде што исто така можете да го приклучите телефонот. Значи, имаме целосно опремено возило кое многу едноставно“ вели Лорин Хан, соосновач и извршен директор на стартапот.

Сподели!
- Advertisement -