15 C
Skopje
среда, мај 27, 2020

Усвоен акциски план за заштита на балканскиот рис до 2020 година

Kabtel desktop

Систематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на националниот парк „Маврово“ се предвидени со акциски план што ќе се спроведува до крај на 2020 година. Документот го изработија Македонското еколошко друштво-МЕД и НП Маврово, како и домашни и странски експерти кои се вклучија во програмата за зачувување на балканскиот рис.

„Главната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Акцискиот план е оперативен документ во кој се наведени конкретни активности и мерки, како и нивни финансиски и временски рамки. Акцискиот план главно се однесува за јадровото подрачје на популацијата на рис, кое моментално се наоѓа на територијата на НП Маврово, а предвидени се активности во доменот на мониторинг на неговиот плен, едукација и подигнување на јавната свест, воспоставување на безбедни коридори за крупните цицачи, прекугранична соработка и слично“, изјави Диме Меловски, раководител на програмата за зачувување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво.

Оттаму нагласуваат дека сегашната состојба со рисот во Македонија е загрижувачка. Со најновите процени, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на Jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки.

Според податоците добиени со директното пребројување на единки, во Националниот парк Маврово и неговата потесна околина се среќаваат помеѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 km2.

„Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN“, посочуваат од МЕД.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •