SEDC стартува нова академија за софтвер тестери

- Advertisement -

Ѓоре Захарчев е експерт со повеќе од 12-годишно искуство на полето на автоматизираното и рачно тестирање на софтвер. Тој смета дека тестерите се луѓе кои поседуваат повеќе вештини за решавање проблеми и инженерски ментален склоп и верува дека тестерите на софтвер се многу повеќе од обични бројки за клиентите. Моментално работи во Seavus, како координатор за обезбедување квалитет и е одговорен за тимот за тестирање софтвер. Има и четворица асистенти кои работат со групата, за подобар и поефикасен начин на работа. Seavus едукативниот и развоен центар (SEDC) стартува Академија за  софтвер тестери, што е повод Иновативност да направи интервју со Захарчев

Вие сте главен координатор на софтвер тестинг тимот во Сеавус со повеќе од 12 години работно искуство. На луѓето кои не се дел од ИТ индустријата, оваа професија им е скоро непозната. Што значи да си софтвер тестер и колку се значајни овие кадри денес?

Минатата година на група од десетгодишни ученици пробав да им објаснам вака: Тестерот на софтвер е суперхерој кој ги штити своите пријатели, суперхерои – програмери со тоа што им помага да ги поправат своите недостатоци пред да одат во акција, им укажува каде згрешиле и дали прават чекори со кои би направиле дополнителна грешка.

- Advertisement -

Во реалноста тестерите се членовите во тимот со реалистички и објективни гледишта кои се стремат да го пронајдат и најситниот недостаток на софтверското решение кое се гради и истиот да го пријават, пред се тие се грижат за да спречат создавање недостатоци.

Тестерите на софтвер се неминовен дел од секој развоен тим и завземаат се поголем удел во развојот на софтверски решенија.

- Advertisement -

Со оглед на големата екпанзија која ја доживува оваа индустријата, какава е денес побарувачката на овие кадри во и надвор од Македонија?

Од ден во ден побарувачката за тестери на софтвер е се поголема како во државава така и надвор од границите. Ако пред десетина години софтверските решенија беа наменети за целна група која нема да направи ништо спротивно од дадените инструкции, денес истите се наменети за широка целна група која е се попребирлива за квалитетни решенија, а понекогаш и таа истата целна група ќе проба да им наштeти на решенијата со цел да се увери дека нивното користење е безбедно и без фрустрации. Токму поради оваа причина тестерите се тие кои ќе спречат несакани последици.

- Advertisement -

Честопати луѓето кои немаат предзнаење и работно исксутво во информатички технологии, а гледаат можност за подобра кариера и заработувачка се прашуваат дали е доцна да се едуцираат и дали тоа можат да го работат. Како може да се стане софтвер тестер? Дали постојат образовни инстутуции кои едуцираат вакви кадри и кој се може да стане софтвер тестер?

За жал, до ден денес непостојат образовни институции кои би создале кадри односно обучени лица за тестирање на софтвер. Постојат неколку начини како да се стане тестер на софвер, а сите водат преку макотрпниот пат на самостојна едукација, посета на конференции од областа, полагањa за соодветни сертификати и макотрпна работа со тимови кои и самите незнаат што всушност значи тестирањето на софтвер и ваквиот начин го прави учењето уште потешко. Според досегашните искуства, нема некоја рамка или правило кој може, а кој неможе да стане тестер на софтвер. Тестер на софтвер може да стане секој кој што е подготвен да го прифати предизвикот и да се посвети на работата која бара преголемо внимание на детали, аналитички вештини и желба да се навлезе во логиката на системите.

Вие сте ментор и тренер на новата Академија за Софтвер тестери која ја подготвивте заедно со Сеавус Едукативниот и Развоен Центар. Може ли да ни кажете нешто повеќе за самата програма?

Кога ја креиравме програмата се водевме од тоа кои основни предзнаења и вештини би ги имале луѓето штотуку излезени од факултет и што е тоа што им треба за да може да започнат да работат како тестери на софтвер. Самата програма покрива неколку области како технички така и нетехнички, а бевме водени од нашите досегашни искуства од работа на различни проекти. Целта ни е да создадеме агилни тестери кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд а воедно и да им помогнеме да изградат CV-ја кои најдобро ќе ги опишат нивните вештини и експертизи.

Во самата програма опфаќаме области како што се мануелно тестирање, автоматизирано тестирање и тестирање на перформанси, со што нашите кандидати би постигнале искуства за кои со самостојно учење би им биле потребни 3-4 години.

За крај им даваме тренинг за полагање на ISTQB FL и ISTQB АТ сертификатите со што и официјално добиваат признание за постигнат успех во областа на тестирањерто на софтвер.


За самиот крај, каде и како можат да аплицираат кандидатите кои се заинтересирани за оваа Академија?

За првата генерација отворивме една група од 20 студенти. Од она што го знам, останати се само уште неколку слободни места, иако академијата започнува на 21 јануари. Повеќе информации за самите уписи сите заинтересирани лица можат да добијаат на веб и фан страната на SEDC.

http://www.sedc.mk/academy/academy-for-software-testing/software-tester/

https://www.facebook.com/SEDCfanpage/

Сподели!
- Advertisement -