Дали паметните телефони се виновни за се полошиот вид кај децата?

- Advertisement -

Експертите често ги предупредуваат родителите на потенцијалните штетни последици за децата кои премногу време поминуваат пред паметен телефон. Иако во денешно време тешко може да им се забранат телефоните на децата, родителите мора да го контролираат времето поминато пред екран и содржините кои се прегледуваат.

Но, еден од потенцијалните проблеми на поминувањето премногу време пред екран, сметаат од јапонската влада, е и влошувањето на видот. Истражувањето кое го спровеле годинава меѓу учениците во основните и средниште училишта во земјата покажалотренд на влошување на видот меѓу учениците.

- Advertisement -

Од јапонските министерства за образование, култура, спорт, наука и технологија предупредија дека според експертите , влошувањето на видот меѓу младите може да се поврзе со времето поминато со паметен телефон, при што посебно се издвојуваат мобилните игри.

Уште не е докажано дека премногу време поминато пред екран навистина влијае за влошен вид, но научниците предупредуваат дека преголемата изложеност на сината светлина од екраните прредизвикува замор и напрегнување на очите. Јапонија е трет најголем светски пазар за видеоигри, а голем број гејмери играат игри на паметен телефон и поминуваат часови во забавни виртиуелни светови. Уште поголем е проблемот со видот на децата во Кина, а државата тие проблеми се обиддува да ги реши со намалување на времето кое младите го поминуваат играјќи игри на мобилен телефон.

Сподели!
- Advertisement -