Ова се топ 25 најскапи хотелски соби во светот (3 дел)

- Advertisement -

8. Presidential Suite, Mandarin Oriental – Њујорк

Цена: 33.800 евра

Suite 5000 се наоѓа на 50-тиот кат на хотелот Mandarin Oriental и во него се одржуваат годишни изложби на етаблирани и нови уметници. Исто така, апартманот има колекција филмови за Големото јаболко, како и колекција плочи.

- Advertisement -

7. Grands Appartments, Hôtel de Crillon – Париз

Цена: 36.600 евра

Овој дуплекс е дизајниран од познатиот дизајнер Карл Лагерфелд. Изгледот е главно париски барок, надополнет со модерни елементи како приватен бар, подно греење и батлер.

- Advertisement -

6. Penthouse Suite, Grand Hyatt Cannes Hôtel Martinez – Кан

Цена: 38.800 евра

Овој хотел има долга и богата историја и пречекал многу ѕвезди во текот на филмските фестивали. Апартманот е еден од најголемите во Европа, терасата гледа на булеварот Ла Кроазет, заливот на Кан и приватната плажа.

- Advertisement -

5. Ty Warner Penthouse, Four Seasons – Њујорк

Цена: 39.900 евра

Ty Warner Penthouse е највисокиот апартман во Њујорк. Во сите соби се искористени артизански материјали од типот на венециско кадифе, кинески оникс и јапонска свила. Стаклените балкони, четири на број, и стаклените прозорци од под до таван овозможуваат поглед од 360 степени.

4. Hilltop Villa, Laucala Island – Фиџи

Цена: 54.900 евра

Овој апартман го опишуваат како хотел во хотел. Има панорамски поглед од надворешниот базен, необичен дизајн и зелени уредени градини. Има и дадилка, приватен готвач и шофер, како и опција за прошетки низ плантажите.

3. Private Island, Cheval Blanc Randheli – Малдиви

Цена: На барање

Оваа вила е на сопствен приватен остров и има базен од 25 метри, приватни готвачи, надворешен туш и еден куп производи на францускиот дизајнер Герлен.

2. Royal Penthouse Suite, President Wilson Hotel – Женева

Цена: 66.500 евра

Овој апартман минатата година беше на првата позиција како најскап во светот. За оваа цена добивате тераса со површина од 1.700 квадратни метри и поглед кон Женевското Езеро. Добивате и 12 бањи и спиете во простории прозорци отпорни на куршуми.

1. The 13 – Макао

Цена: 72.100 евра

Овој казино-хотел во Макао е еден од најскапите кога било изградени. Цената на една гостинска соба е околу 5,5 милиони евра, па оттаму и цената за престој во една од нив.

Сподели!
- Advertisement -