Кинеската сонда на Месечината однесе семе за одгледување зеленчук

- Advertisement -

Сондата наречена по кинеската божица на Месечината во неделата наутро влезе во планираната орбита за да се овозможи слетување. Слетувањето се очекува во четврток. Државните медиуми претходно известија дека сондата лансирана на 7 декември ќе слета во кратерот Аиткен, наречен по американскиот астронаут Роберт Грант Аиткен.

Сондата Chang’e-4 носи семе за експериментот за одгледување зеленчук во затворена средина на лунарната површина. Опремена е со панорамска камера и мерни уреди. Претходно беше достигната поблиската страна од Месечината – меѓу 1969 и 1972 година САД испрати 12 астронаути на Земјиниот природен сателит.

- Advertisement -

Првата советска сонда, Luna 24, слета на Месечината во 1976 година. Немаше друга сонда до 2013 година, додека не слета првата кинеска сонда Chang’e-3.

Сподели!
- Advertisement -