– Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана е околу 15 гигават часови, доволни за покривање на годишните потреби на околу 2000 домаќинства. Проектот е значен не само од аспект на енергетските вредности, туку и од социјален и еколошки аспекет. Ќе се гради на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј  на 15 хекатари земјиште кое треба да се рекултивира со нова фотоволтаична електрана, рече по потпишувањето на Договорот за заемот директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски.