Подобрената верзија на паметната клупа на младиот Иван Мрвош го освојува и Балканот

- Advertisement -

Паметните клупи станаат глобален хит изминатите неколку години, а неколку од нив се поставени и на територијата на БиХ. Зад идејата за паметната клупа стои младиот хрватски иноватор Иван Мрвош, чии клупи моментално се пласирани на 40 светски пазари.

Иако Мрвош е еден од најмладите иноватори во регионот, вредноста на неговиот бизнис се брои во милиони, а работата постојано му напредува. Неговата компанија која ги прави клупите Include моментално има 32 вработени, кои работат во простор од 1.400 квадратни метри. Но, и покрај неговиот успех, младиот Мрвош и понатаму живее во куќата на неговите родители и уште нема сопствен автомобил.

- Advertisement -

Неговата паметна клупа Steora е клупа од новата генерација со соларно напојување. Иако на прв поглед се чини како едноставен производ, има голем употребен потенцијал за безжично и жичено полнење на мобилни телефони и други уреди, складирање податоци, ноќно осветлување и Wi-Fi. Мозокот на клупата е  надзорната платформа. По инсталацијата на клупата, корисниците можат да имаат увид во податоците за работата на клупата, бројот на корисници и информациите за надворешните услови. Тоа ја разликува Steora од другите соларни клупи на пазарот.

Моментално клупата е присутна на 40 пазари во 250 градови, каде што се поставени повеќе од 900 клупи. Од необичните локации на коишто можете да седнете на Steorа можеме да ги издвоиме Мароко, Катар, Дубаи, Казахстан, Израел и Индија.

- Advertisement -

Од балканските земји, освен татковината Хрватска, паметните клупи на Мрвош ги има во БиХ. Таму моментално има повеќе од 15 клупи во Сараево, Велика Кладуша, Кисељак и Мостар. Наскоро таму ќе има и од подобрената верзија на клупата.

Сподели!
- Advertisement -