Здружението на педијатри на Македонија, врз основа на спроведени сопствени истражувања, донесе одлука да го додели знакот “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија“ на компанијата „Бучен Козјак“.
“Ова е уште една потврда на нашите напори кои како компанија ги вложуваме во постојано подобрување и одржување на високото ниво на квалитет на нашите производи. Секако, најмладата генерација е наш верен потрошувач и добивањето на потврда за висиокиот квалитет и безбедност за консумирање од страна на Здружението на педијатри многу ни значи“, изјави по овој повод Анита Спасовска , генерален директор на компанијата „Бучен Козјак“ од Куманово.
Компанијата специјализирана за млечни производи успешно работи 35 години на пазарот, постојано водејќи се од своите клучни вредности: квалитет, традиција, фамилијарност и постојаност.
Од неодамна целосно ja редизајнираа течната програма (јогуртот, киселите млека, свежото млеко, ајран), a новиот визуелен идентитет е целосно синхронизиран со квалитетот и вкусот на производите. Најново во новиот дизајн на „Бучен Козјак“ е и значката “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.