Пазарџиите протестираа против Законот за зелени пазари

- Advertisement -

Пазарџиите од Зелено пазарче утрово излегоа на протест пред Собрание. Револтирани се поради новиот Закон за зелени пазари кој стапи на сила од стартот на 2019 година и од нив, меѓу другото, бара да обезбедат лиценци за работа.

На голем дел од пазарите има катанци, а оградите се облепени со известување за протест.

- Advertisement -

Исто така, пазарџии го блокираа и булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит-пазар, па сообраќајот и таму е во прекин.

Според новиот закон, пензионерите, вработените, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари, нема да можат да работат.

- Advertisement -

Лиценцата за тезгите чини 3.600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2.400 денари.

Сподели!
- Advertisement -