ЕУ воведува задолжително породилно отсуство за татковците

- Advertisement -

Европскиот совет и Парламент вчера постигнаа привремен договор со кој се воведува задолжително породилно отсуство за татковците од најмалку десет дена во европските држави. Целта на договорот е да им се олесни на вработените родители да постигнат и во професионалните, но и во личните обврски.

„Новата директива ќе ги охрабри мажите и жените да земат еднаков удел во одговорностите поврзани со семејството. Родителите и негувателите ќе можат подобро да го усогласат својот професионален и приватен живот, а компаниите ќе имаат корист од повеќе мотивирани работници“, се вели во соопштението на ЕУ.

- Advertisement -

Договорот е добредојден. Тој дава огромен поттик за промовирање на еднаквоста на жените и мажите низ ЕУ. Оваа директива ќе го охрабри учеството на жените на пазарот на трудот и еднакво ќе ги  сподели одговорностите помеѓу жените и мажите“, изјави романскиот министер за труд и социјала, чија земја неодамна го презеде претседавањето со ЕУ.

Договорот сé уште треба да биде одобрен од страна на земјите-членки.

Сподели!
- Advertisement -