Бенјамин Нетанјаху: Бершива ќе биде новиот светски центар за сајбер технологии!

- Advertisement -

Најголемите светски технолошки компании ги лоцираат своите сектори за истражување и развој (R&D) во Израел. Земјата се профилира како врвен хаб за развој на технологија за сајбер безбедност, а плановите и инвестициите во оваа насока само го потврдуваат тоа. „Иновативност“ е дел од група од 15 медиуми од цел свет кој го покрива овој важен настан во Тел Авив

 

Верица Јорданова известува од Тел Авив, Израел

- Advertisement -

Израел е втора земја во светот, после САД, која е дом на најголем дел од ТОП 500 најголеми компании за сајбер безбедност во светот. Индустријата за сајбер безбедност е една од најголемите во земјата. Инвестициите во оваа индустрија само во  2018 година достигнаа над 1 милијарда долари (22% пораст на годишно ниво), во земјата има повеќе од 500 компании  за сајбер безбедност чиј што извоз во целиот свет достигна вредност од 5 милијарди долари.

“Овие достигања се резултат на големите напори кои ги направивме за одбрана на Израел од најголемите закани на денешницата кои доаѓаат од сајбер напади. Ако пред само неколку децении најголема закана ни беа киднаперите на авиони, денес најголемите безбедносни закани доаѓаат од сајбер просторот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел на CyberTech конференцијата која денес и утре се одржува во Тел Авив.

- Advertisement -

Тој во неколку наврати во негото обраќање ја нагласи важноста на човечкиот капитал со кој располага Израел и го поддржува  максимално со квалитетно образование и истражување, клима која поттикнува старт и развој на компании и голема поддршка за  интернационализација на бизнис активности на израелски компании. Таквата клима ги привлекува најголемите светски компании од сегментот на ИТ, дигитални индустрии, сајбер безбедност и многу други да ги лоцираат своите оддели за истражување и развој на нови производи токму во Израел.

- Advertisement -

Пред само само десет години на листата на најголеми компании во светот имаше само 4  компании лоцирани во Израел, главно од електрична енергија, телеком сектор и банки, а во 2017 година на оваа листа се најдоа 10 компании доминантно од ИТ индустријата чии главни центри за истражување и развој се лоцирани во Израел.

Нетанјаху на оваа конференција, на која учествуваат преставници од најголемите светски ИТ и технолошки компании, најави уште поголеми инвестиции во зајакнување на позицијата на Израел како светска сила за сајбер технологии.

Натамошниот голем развој ќе го лоцираме во Бершива, мал град кој наскоро ќе стане сајбер центар на Израел. Таму се лоцирани технички оддел од израелската војската и голем универзитет, а сега креираме голем бизнис центар во кој што дипломците од универзитетот ќе формираат компании, ќе креираат иновативни продукти, ќе заработуиваат пари и уште повеќе ќе ја зацврстат улогата на Израел во светската сајбер безбедност. Притоа државата  ќе им помогне на овие компании да се развиваат и да станат светски добавувачи на продукти и технологии за сајбер заштита“, најави Нетанјаху и ги повика компаниите и владите од цел свет да дојдат во Бершива, да испратат свои луѓе да се запознаат со нивните технологии и да го следат концептот на Израел за економски развој.

 

Сподели!
- Advertisement -