Лондон ја задржа лидерската позиција во Европа што се однесува на финансирањето на технолошките компании, покажуваат податоците објавени пред некој ден. Според податоците на PitchBook во надлежност на Канцеларијата на лондонскиот градоначалник, технолошките компании од британската престолнина лани привлекле 2,3 милијарди долари инвестиции, што е 72% од вкупните 3,28 милијарди долари што се слеале во британските стартапи.
Иако ланскиот износ е помал од рекордната 2017 година, Лондон и понатаму е далеку пред другите конкуренти како Берлин и Париз. Имено, во стартапите од германскиот главен град лани биле инвестирани 1,2 милијарди долари, додека во компанитие во Париз биле инвестирани 1 милијарда долари.
Треба да се напомене и дека инвестициите во Берлин се дуплирани во однос на минатата година. Предноста на Лондон е статусот на светски финансиски центар и големиот број универзитети. Инаку, фондовите за ризичен капитал и приватни инвеститори минатата година инвестирале околу 13,7 милијарди долари.