Volkswagen претстави револуционерен мобилен полнач за автомобили

- Advertisement -

Volkswagen планира да лансира џиновска верзија на преносниот полнач за телефон кој ќе се користи за полнете на електричните автомобили. Станциите за полнење ќе бидат мобилни и ќе складираат доволно енергија за да наполнат максимум 15 автомобили.

Мобилните станици за полнење се дизајнирани за лесно да се поставуваат каде што ќе има потреба без да се додаваат кабли и да се врзуваат на електрична мрежа. Од Volkswagen велат дека тоа значи оти полначите чесно ќе се поставуваат на пример на некој паркинг или привремено на некои поголеми настани со повеќе посетители.

- Advertisement -

Полначите ќе може да се постават и на места каде што ќе се тестираат дали се доволно добри за да се инвестира во нив. Секој еден полнач ќе складира 360 киловат-часови енергија и брзо ќе полнат возила до 100 киловати. Тоа се најновата генерација електрични автомобили од типот наk VW I.D., кои ќе можат да се полнат до 100 kW.

Полначите ќе може да се приклучат и на електрична мрежа и во тој случај самите постојано ќе се надополнуваат со енергија. Тоа полнење ќе може да се темпира кога има евтина струја или да се врзат на целосно обновлива енергија. Кога ќе се наполнат, станиците ќе може да полнат четири возила истовремено и ќе полнат и електрични велосипеди, не само автомобили. Што се однесува на новите автомобили на VW од серијата  I.D., тие ќе се полнат до 100 kW за само 17 минути.

- Advertisement -

Станиците за полнење ќе бидат поставени во Волфсбург, Германија, во рамките на ограничена пилот-програма годинава, а комерцијалното производствоќе започне во 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -