Колку пари се свртеа за време на најважниот ден за маркетиншката индустрија – Super Bowl?!

- Advertisement -

Големото финале на професионалната американска фудбалска лига (NFL) Super Bowl,  не само што е најважниот спортски настан во САД, тој редовно ги руши рекордите на ТВ гледаност, но и заработка од продадените секунди реклами во директниот пренос.

Малку историја

Првиот Super Bowl се одржал во 1967 год, а на ТВ го гледале 50 милиони Американци. Од 2010 год, гледаноста редовно ги преминува 100 милиони гледачи. Маркетиншката индистрија овој ден го смета за Божиќ. Експертите во оваа област знаат дека ако добро ја сработат работата, загарантирано им е местото во историјата, а нивната креативна работа ќе се најде на листата на најдобрите реклами на сите времиња. Исто така рекламирањето на ваков настан може целосно да го промени правецот на развојот на бизнисот на Вашата компанија.

- Advertisement -

data: Kantar Media

Цифри од кои се врти во главата

Рекламниот простор за време на преносот е најскап на светот. Минатата година сумата за емитување на 30 секунден спот изнесуваше околу 5,05 милиони долари. Во оваа сума не влегуваат трошоците за продукција на рекламните спотови кои од свој страна се исклучително високобуџетни заради најчесто инволвирање на славни  личности од висок профил, како и продукциски тим од познати и докажани професионалци.

- Advertisement -

Годинашната сума за 30 секунден спот во дулеот кој со нетрпение се очекуваше помеѓу Rams и Patriots изнесува 5, 25 милиони амеркански долари.Според ТВ мрежа CBS ова е уште еден рекорд, што значи цифтрата секоја година расте.Само за споредба во далечната 1967, во финалето кога играа Packers и Chiefs сумата за емитување на еден спот изнесуваше 42.000$.

 

 

- Advertisement -

data: Kantar Media

Рекламите како престиж до врвен имиџ

На овој ЛИНК погледнете ја најголемата архива во која се сметстени највпечатливите реклами по години, а на ЛИНКОВ се најинтересните реклами од 2019!

И кога ќе стивне галамата околу годинашото финале од професионалната фудбалска лига кое патем беше ноќеска по наше време, а по локално американско време во 18:30 и се емитуваше директно на Тв мрежа CBS Sports од Атланта, ќе следуваат пар недели во кои ќе се зборува за Оскарите, втори по ред по гледаност со околу 33 милиони гледачи минатата година и со цифра од околу 1,9 милиони долари за спот, што е далеку зад волшебните 5, 25 милиони за Super Bowl.

Пишува – Љубица Ангелкова

Сподели!
- Advertisement -