Консалтинг Интер Груп преглед на сите форми на поддршка за кои може да аплицираат фирмите!

- Advertisement -

Министерството за економија на Р.М објави низа мeрки кои се дел од програмата за развој на конкурентоста, иновациите и претрпиемништвото во 2019 година. Со овие мерки се промовира општ  раст и развојот на МСП во Македонија како и унапредување и подобрување на бизнис климата, промовирање на женското претрпиемништво, занаетчиството, поттикнување на развој на преработувачката индустрија, на туризмот итн. Во моментов активни мерки кои ги објави Министерството за економија се следниве:

Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии за кои се предвидени средства во износ од 27.500.00,00 денари. Предмет на јавниот повик  е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии  преку кофинансирање на  60% од докажаните трошоци  согласно  условите за субвенционирање за следните  подмерки:

- Advertisement -

Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 21.000.000,00 денари.

Финансиска поддршка за женско претприемништво во вкупен износ од 2.500.000,00 денари

- Advertisement -

Субвенционирање на трошоци на занаетчии во износ од  4.000.000 денари

Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претпремништвото во Република Македонија. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани за развој и поддршка на МСП и промоција на претрпиемнштвото во Република Македонија во вкупен износ од 4.500.000,00 денари.Финансиската поддршка се однесува на кофинанасирање на 75% од трошоците за реализација на проектните активности.

- Advertisement -

Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар. Предмет на јанивиот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар, за кои се предведни вкупно 2.500.000,00 денари.Финансиската поддршка се однесува во висина од од 75% од докажаните трошоци на барателот.

Јавен повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година. Предмет на јавниот повик е надоместување на трошоците од страна на Министерството за економија за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики на деловните субјекти, во согласност со програма за конкурентост, иновации и претприемништо 2019, дел 2, мерка 1-“Општествена одговорност”.Надоместени ќе бидат само докажаните трошоци за сертификација во 2017 и 2018 година.

Јавен повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година.Предмет на јанивот повик е доделување на финсиски средства од страна на Министерство за економија за финансирање на кластерско здружување, во согласност со програмата “Кластери за иновативни и меѓународно ориентирани бизниси”.

Јавен повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија.Предмет на јавниот повик е кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проекти на занаечиските комори кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија.

Јавен повик за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот за 2019-та година. Предмет на поддршката е дoделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на Манифестации, Проекти и Бизнис форуми од интерес за развој на туризмот.

 

Сподели!
- Advertisement -