Анѓушев на презентација на електричното фиќо ЗАС Г20

- Advertisement -

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски присуствуваа на презентација на електричното возило ЗАС Г20, производ од проектот „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил фиќо, со електричен мотор“, на компанијата ББ Класик карс, добитник на грант од ФИТР.

За време на презентацијата, која се одржа во кругот на браунфилд објектот на германската компанија Кеслер, од која ББ Класик карс ги набавува електричните мотори, Вицепремиерот нагласи дека ова автентично електрично возило е добар пример за соработка помеѓу една домашна компанија со несекојдневна и креативна идеја за работа и странски инвеститор кој работи во земјата.

- Advertisement -

„Презентацијата на автомобилот е точно она што ние го посакуваме да го видиме како резултат од програмите што ги има Владата во рамките на третиот столб од Планот за економски раст, кој се спроведува од ФИТР и во рамките на првиот и вториот столб кои се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Мило ми е што гледам дека има реални резултати од проектот на ББ Класик Карс поддржан со грант од ФИТР во висина од 70% од вкупната вредност на проектот, а конретните продукти се тоа што беше наша замисла да го видиме како резултат од мерките што ги спроведуваме како поддршка на компаниите“ нагласи Анѓушев.

За време на презентацијата вицепремиерот оствари средба со управителот на компанијата Кеслер Патрик Трулие и сопственикот на ББ Класик Карс Милорад Китановски, со кои разговараше и за идниот развој на двете компании. Трулие информираше дека Кеслер во моментот своето производство на статори за електро мотори го извршува во изнајмен објект во општината Илинден во кој работат над 40 лица, од кои добар дел се инжинери.

- Advertisement -

„Германската компанија Кеслер е една од компаниите која во ТИРЗ Бунарџик има закупено простор од 13.600 квадратни метри, а планираат да го прошират за нови 5.000 квадратни метри. Во моментов се вршат подготвителни градежни работи на парцелата, а нивната намера е да изградат фабрика со висока технологија за производство на електромотори, електрични компоненети и електронски компоненти за ЦНЦ машини и за електрични возила. Се планира во објектот да има и развоен центар, токму такви компании ни требаат во земјата, со повисок технолошки развој кои ќе понудат софистициран производ, ќе вработат високо квалификувани кадри и ќе обезбедат подобро платени работни места за граѓаните“, подвлече Анѓушев.
Директорот на ФИТР Јован Деспотовски нагласи дека преку мерките од Фондот, компанијата ББ Класик Карс ќе добие поддршка во вредност од околу 7 милиони денари, додека сопственикот ќе учествува со 3 милиони денари, за да проектот за автентичен електричен автомобил се реализира во целост.

„Задоволство ми е што денеска може да презентираме еден од привите резултати од Планот за економски раст во третиот столб кој го започнавме 2018 година. Ова е добра идеја која е преточена во конкретен продукт, а одлично е што имаме додадена вредност на целиот проект, а тоа е германски инвеститор што ја препозна можноста во овој продукт да најде свој пазар и свој интерес“, потенцираше Деспотовски.

- Advertisement -

Тој додаде дека произвдството и присуството на Кеслер во Република Северна Македонија, реално ќе помогне да заживее концептот на ББ Класик карс и додаде дека веќе се разговара како, покрај на постоечкиот модел, би можело да се примени вградување на електричен мотор и на други возила со што ќе се придонесе до почиста и поздрава животна средина.
Сопственикот на ББ Класик карс Милорад Китановски посочи во проектот за електричен автомобил соработува со 20-тина мали стопанственици, занаетчии, работилници и претпријатија.

Управителот на Кеслер во нашата земја, Патрик Трулие ги потенцираше можностите кои Владата ги нуди за поддршка на нови инвестиции и нагласи дека до крајот на годинава планираат да ја изградат нивната фабрика во Бунарџик.

„Имаме сериозни планови да растеме како компанија, особено во делот на производство на електромотори и електро компоненети. На крајот на годината, нашиот план е да изградиме фабрика во Бунарџик, со што ќе се овозможи понатамошниот раст и развој “, рече Тролие.

Сподели!
- Advertisement -