Ворен Бафет вели дека една одлука ги разликува успешните луѓе од сите останати- со кого ќе стапат во брак!

- Advertisement -

Ворен Бафет знае како да носи паметни одлуки. Една од тие одлуки е да каже НЕ речиси на се. Друга е да ги вработи вистинските луѓе. Но, има една одлука за која Бафет смета дека е најбитната која можете да ја донесете во текот на животот, а тоа е одлуката со кого ќе стапите во брак.

Како што вели тој: „Треба до себе да имате луѓе кои се такви какви што вие би сакале да бидете. Движете се во тој правец. Најбитната личност во тој поглед е вашиот сопружник. Не можам доволно да потенцирам колку е битна таа личност. Омажете/оженете се за вистинската личност. Навистина го мислам ова. Тоа ќе влијае најмногу на вашиот живот“.

- Advertisement -

Истражувањата го потврдуваат тоа што го вели тој. Едно истражување откри дека луѓето кои имаат релативно внимателни и стабилни партнери имаат подобри резултати на работа, добиваат унапредувања, заработуваат повеќе пари и се позадоволни од работата.

Тоа е вистина и за машкиот и за женскиот пол. Она што истражувачите го нарекуваат „партнерска совесност“ ја одредува иднината на вашата работа, приходите и веројатноста за унапредување. Според нив, совесните парнери вршат повеќе обврски по домот, се однесуваат попрагматично и покажуваат дека се задоволни од животот, а тоа им помага на партнерите да се фокусираат на работата.

- Advertisement -

Поедноставно кажано, добриот партнер поставува добар пример за следење и исто така ви помага да станете подобра верзија од себеси.

Сподели!
- Advertisement -