Ова се компаниите кои добија награди од Стопанската Комора на Македонија

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија го прослави 97-от роденден и ги доделите награди на најуспешните компании и бизнисмени за изминатата година

Фармацевтската компанија Алкалоид ја доби наградата на Стопанската комора за компанија со најголеми реализирани инвестиции, 18 милиони евра во минатата година!

Компанијата Џонсон Мети ја доби наградата за најголем нето извозник од Македонија. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

- Advertisement -

Компанијата Сеавусдоби награда за најсупешна компанија, заради докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија.

 

- Advertisement -

 

Хари Костов, претседателот на Управниот одбор на Комерцијална банка ја доби наградата за долгогодишна коморска активност, заради активностите и учеството во работата на органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија повеќе од 15 години.

- Advertisement -

Награди за најсупешни стопанственици добија и Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол и Мите Шапковски, основач и сопственик на Металпромет од Струмица.

Специјално признание за развој на дуалниот модел на образование во Македонија добија компаниите Костал, ЛТХ Леарница и ДММ Деркслмајер, а признанија за инвестиции од земјава во странство добија ланецот на супермаркети КАМ, кој се прошири во Бугарија и Косово и Даути Комерц за ширењето во Црна Гора и Албанија.

Арчелор Митал е компанија со најголем број учесници на едукативните настани во Стопанската комора, а УСАИД и Амбасадата на Швајцарија добија специјални признанија за успешна соработка при заедничка реализација на проекти.

 

Сподели!
- Advertisement -