Coca-Cola сака да го преземе и српски Књаз Милош

- Advertisement -

Директорот на „Mojih brendova“, Андреј Јовановиќ, изјави дека компанијата Coca-Cola е заинтересирана за преземање и на Књаз Милош. Во рамките на Mojih brendova работат компаниите Imlek и Knjaz Miloš, како и Bambi, која наскоро ќе премине во рацете на Coca-Colа HBC AG.

Coca-Cola ја купи Bambi од Mojih brendova за 260 милиони евра и се чека уште одобрението на Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Кексот Плазма ќе се служи со секое кафе во синџирот кафетерии Costa Coffee, кој е во сопственост на Coca-Colа” изјави Јовановиќ.

- Advertisement -

Медиумите пренесуваат дека во бизнис круговите се зборува дека веќе е договорена продажбата и на Књаз Милош. „Не е точно дека го продадовме Knjaz на Coca-Colа. Ако прашувате дали тие се заинтересирани за купување, можам да кажам дека е така. Ако некој како Coca-Cola е добар партнер, тогаш постои можност” додаде Јовановиќ.

Доколку се реализира оваа аквизиција, Coca-Cola би имала околу 40% пазарен удел.

Сподели!
- Advertisement -