Се враќа минибусот на Volkswagen – и сега е електричен

- Advertisement -

На барање од корисниците, Volkswagen најави дека повторно ќе почне да произведува нова електрична верзија на популарниот и наградуван концепт минибус I.D. Buzz во САД, Европа и во Кина.

„За мене концептот I.D. Buzz е најубавото и највозбудливото електрично возило во светот. Нашата цел е јасна – сакаме да произведеме целосно електричен и целосно конектиран автомобил кој ќе стане бестселер во светот. Симболот на електричната ера кај автомобилите мора да биде Volkswagen“ изјави д-р Херберт Дајс, претседател на менаџент одборот на Volkswagen.

- Advertisement -

I.D. Buzz е вториот електричен концет автомобил на VW кој ќе почне да се произведува. Оригиналниот I.D. концепт треба да почне да се произведува во 2019 година како модел, а да се продава во 2020 година, додека I.D. Crozz концептот е модел како треба да изгледа еден електричен теренец на VW. Сите три модели работат со VW Modular Electric Drive kit, односно група конпоненти и делови од шасија кои се дизајнирани да го извлечат максимумот од електричниот погон и идната технологија.

Овие автомобили ќе имаат се  што имаат електричните автомобили на другите компании и повеќе од тоа. А ќе бидат многу поевтини. I.D. Buzz ќе нбиде дизајниран да наликува на оригиналниот  Type 2 Microbus. Концептот I.D. Buzz веќе освои неколку награди откако беше претставен на Detroit Auto Show.  V формата на предниот дел постестува на двобојниот претходникна оригиналниот минибус, но I.D. Buzz има ЛЕД светла кои функционираат како очи и го комуницираат статусот на автомобилот. Така I.D. Buzz изгледа истовремено модерно и безвременски.

- Advertisement -

Првиот минибус на VW беше продаден во САД во 1950 година и имаш3 30 коњски сили. Новиот концепт на I.D. Buzz има 369 коњски сили и батерија од 111 kWh, која овозможува досег од колу 480 километри со едно полнење, а за 30 минути се полни до 80%. I.D. Buzz има место за двајца патници или товар, а има багажник дури и на предниот дел како кај оригиналната „буба“ на VW.

Сподели!
- Advertisement -