Ако зборуваме искрено, мрзеливите луѓе имаат лоша репутација, особено затоа што некои од најуспешните милијардери во светот оставаат впечаток дека се чиста спротивност на мрзеливост. На пример, британскиот милијардер и основач на групацијата Virgin, Ричард Бренсон, станува во 5 часот наутро секој ден. Одговара на имјелови, појадува со семејството, чита вести, држи состаноци и се занимава со спортови како тенис, трчање и сурфање со падобран. Тоа го прави се додека не легне да спие во 11 часот навечер. Бренсон е неверојатно активен и реализиран како личност.
Оттука, не е тешко да се заклучи зошто мрзеливите луѓе се сметаат за помалку паметни и помалку успешни во работата. За среќа, науката докажа дека мрзеливоста, всушност, е знак за интелигенција. Во просек, луѓето кои се помалку физички активни имаат тенденција да бидат поинтелигентни од физички активните луѓе, покажа истражување од 2015 година објавено во списанието Journal of Health Psychology. Истражувачите дури развија и „шминкерски опис“ за мрзеливоста и ја нарекоа потреба за спознавање.
Луѓето кои ја имаат таа особина сакаат структурирани и разумни начини на гледање на светот и често настојуваат да прават активности кои им овозможуваат интензивна ментална стимулација, како што се тешките загатки или расправи. Податоците покажаа дека луѓето со висок коефициент на интелигенција многу брзо почнуваат да се досадуваат, поради што стануваат помалку активни и повеќе време поминуваат со сопствените мисли.
Истражувачите користеле прашалник за да ја проценат потребата за спознавање. Шеесет испитаници биле поделени во две групи – мислители и немислители – врз основа на нивните одговори. Сите учесници носеле уред кој ја следел активноста во период од седум дена за истражувачите да добијат увид во нивните навики. Податоците покажале дека луѓето со висок IQ побрзо се досадуваат. Многу активните луѓе лесно се досадувале кога морале да седат мирни и да ги анализираат своите мисли. Наместо тоа, ги стимулирале своите умови со активни задачи како спорт и друга физичка активност.
Постои и т.н. лажна мрзеливост. Видеоигрите се еден пример за лажна мрзеливост. Тие често се доживуваат како безумна активност во која главно уживаат мрзеливите луѓе, но секој кој некогаш играл Fortnite знае дека треба многу стратешко размислување и решавање проблеми. Иноваторот Илон Маск е познат како гајмер, а за него никој не може да рече дека е мрзелив – работи 100 часа неделно без одмор, па така изгради и шест успешни компании. Видеигри играат и Марк Цукерберг и Лери Пејџ, кои не се ниту неинтелигентни ниту мрзеливи во која било смисла.
Заклучокот е дека мрзеливоста е поим со широка дефиниција. Сепак, доказите упатуваат на тоа дека можеме да бидеме поотворени и повнимателни во оценувањето на квалитетите на луѓето.