Компанијата за производство на авиони Windspeed Technologies дизајнираше платформа со форма на меурче која се поставува на горниот дел на авионите и е нова алтернатива за забавата што се нуди за време на летањето. SkyDeck е систем дизајниран да понуди одушевувачки поглед на надворешноста за време на летањето од полунадворешна локација.
Целта е да се понуди ново возбудливо искуство на летовите со авион за ВИП патниците и за сопствениците на авиони. Ова може да биде и дополнителен извор на приходи за авиокомпаниите бидејќи патниците би плаќале за да се седнат во меурчето и да уживаат во пејзажот.
Има неколку комбинации за поставување на SkyDeck. На пример, може да се постави лифт или скали во авионот за искачување до SkyDeck и платформата може да има едно или две седишта. Според компанијата, SkyDeck може да се додаде на постoјните авиони и да се прилагоди за летала со различна големина. Помалите авиони би имале платформа со едно седиште, додека поголемите со две седишта.
Aircraft SkyDeck – Windspeed Technologies
Ultimate Window Seat 😯✈
Posted by Startup Selfie on Сабота, 16 февруари 2019