Постојаното усовршување и усвојувањето нови вештини е најдобриот начин да напредувате во работата која ја вршите или да дојдете до перспективни и добро платени позиции ако моментално сте невработени. Според истражувањето спроведено на најголемата и најпознатата социјална мрежа за бизниси, LinkedIn, ова се некои од меките и тврдите вештини кои најмногу ќе ги бараат и ќе ги ценат работодавците во 2019 година.
Бизнис стратегија
Дури и кога пласирате производ кој никој не го продава, компаниите брзо ќе наидат на конкуренција. Всушност, на сите полиња денешната конкуренција е посилна од кога било. Поради тоа на секоја компанија и требаат професионалци кои размислуваат стратешки и со тоа помагаат секогаш да бидат чекор напред пред конкурентите.
Продажба
Без оглед на тоа со што се занимава компанијата, денес успехот зависи од една работа – продажбата. За да се оствари тоа, потребни се луѓе со вештини за организирање, презентирање, убедување, раководење. Во 2019 година тие ќе бидат многу барани.
Управување со човечки ресурси
Во 21 век работата се смени и повеќе менаџерот не е тој што командува и контролира, туку лидер кој го обучува и го мотивира својот тим за големи дела. Ова се особини кои ретко се наоѓаат, поради што компаниите се подготвени на се за да привлечат и да ги задржат луѓето кои ги поседуваат.
Корисничка поддршка
Компаниите кои ќе понудат подобра услуга на корисниците имаат поверни клиенти и остваруваат поголем профит. За тоа се задолжени посебни луше во компанијата кои водат сметка внатрешните и надворешните канали за комуникација за функционираат беспрекорно. Заѕоа професионалците со такви вештини можат да се вработат во секоја индустрија бидејќи администрацијата е клуч за успешен бизнис.
Класични бизнис вештини
За носење вистински одлуки кои на компанијата ќе и донесат профит неопходна е добра анализа на различни параметри. Експертите кои умеат да ја проценат околноста и да ги предложат вистинските потези во 2019 година ќе бидат барани и на цена. За да бидете успешни во тоа потребно е да поседувате широк спектар на вештини од маркетинг, организација, финансии, водење проекти итн.
Огласување на социјални мрежи
И во 2019 година социјалните мрежи остануваат еден од најбитните канали за промоција и огласување. Големите брендови одамна навлегоа во дигиталниот простор, а ваквиот начин на промоција посебно отвора шанси за малите и средните бизниси.
Електронски бизнис и маркетинг
Со технолошката револуција дигиталниот простор зазема се побитно место во нашите животи. А така е и во бизнис сферата. Побарувачката за дигитални експерти веќе некое време е во пораст, а се очекува да продолжи да расте и во 2019 година.
Анализирање податоци
Собирањето податоци отсекогаш било битно за добар бизнис. Со експанзијата на Интернетот количината податоци до кои може да се дојде стана огромна. Меѓутоа, за да значат нешто тие податоци, потребни се луѓе кои ќе знаат да ги протолкуваат и на основа на тоа да донесат вистински одлуки.
Развивање мобилни апликации
Мобилните телефони и таблети денес се главните уреди преку кои се доаѓа на Интернет. Исто така, за што подобро да се рангираат при пребарување на Google, компаниите мора да градат страници прилагодени за мобилни уреди. Оттука доаѓа побарувачката за девелопери кои развиваат апликации за некои од мобилните платформи.
Видео и аудио продукција
Видео и аудио содржините сочинуваат над 70% од она што посетителите го консумираат на Интернет. За да допрат до што поголема публика и што повеќе потенцијални клиенти, компаниите мора да ги користат тие формати.
3Д моделирање и дизајн
Голем дел од дигиталниот свет преминува од 2Д во 3Д. На компаниите им се потребни експерти кои ќе ја направат таа транзиција полесна и поуспешна. Сите со познавања од 3Д дизајн, цртање и проектирање се многу барани и добро платени.
Програмирање
За дигиталниот свет да може да функционира, потребни се милијарди редови кодови. Нив ги пишуваат програмери, кои и понатаму се меѓу најбараните експерти, а така ќе биде и во иднина.
Клауд технологија
Модерните компании се повеќе се вртат кон клауд технологијата, благодарение на која остваруваат значајни бенефити како што се поголема продуктивност, сигурност, намалени трошоци. Поради тоа експертите кои работат со технологијата на Microsoft Cloud се многу барани и исклучително платени.
Тестирање софтвер
Пазарот е преполн со нови софтверски решенија и унапредени верзии. Тие им помагаат на компаниите да ја унапредат својата работа. Меѓутоа, потребни се експерти кои би можеле да ги тестираат за да се уверат дека работат како што треба. Поради тоа луѓето кои ги поседуваат тие вештини можат да најдат работа која е меѓу десетте најдобри во светот.