Шест грешки кои најчесто ги правиме кога поставуваме лозинки

- Advertisement -

Добрите и сигурни лозинки се нешто што најмногу ви ги штити профилите на интернет и поради ова е важно да се води грижа за нив. Еве шест грешки кои најчесто ги правиме која се во прашање лозинките на интернет

1. Ја користиме истата лозинка на повеќе профили

Користењето на една иста лозинка на неколку различни интернет страници е една од најчестите сигурносни грешки. Едно истражување открива дека дури 38% од луѓето ја прават токму оваа грешка бидејќи не сакаат да посветат повеќе време на смислување различна лозинка за секој профил. Истово се однесува и за лозинките со еден збор.

- Advertisement -

2. Користиме различни, но многу слични лозинки

Модифицирањето на една иста лозинка е доста вообичаена пракса и според некои анализи, модифицираните лозинки се многу попредвидливи. На пример, најчесто се користи еден ист збор после кој следуваат цифрите како 1, 2 и 3, се менува мала во голема буква и слично. Ако и вие сте помеѓу луѓето кои го прават ова, мора да престанете веднаш.

- Advertisement -

3. „Мрзелив“ распоред на избраните карактери

Ова значи дека кога ја смислувате лозинката, користите карактери кои на тастатурата стојат едни до други и се меѓусебно многу близу. Овде спаѓаат лозинките како QWERTY, ASDFG123, ZXCVB и така натаму. Погледнете ја тастатурата и ќе видите дека ова и вие некогаш сте го искористиле за одредена лозинка.

- Advertisement -

4. Љубов и омраза

Никој не зборува за ова, но на сите ни е јасно за што се работи – користење на пцовки или изрази на љубов во лозинките. На пример, доколку сте обожавател на серијата Пријатели, би си ставиле лозинка од типот Ilovefriends или ќе искористите некоја пцовка која често ја користите во напливи на нервоза.

5. Користиме лозинки поврзани со брендови или спортови

Истражувања покажале дека голем број на луѓе користат спортски термини како дел од лозинката без разлика дали се работи за фудбалски или кошаркарски клуб, играч и слично. Истово се однесува и за брендови како Coca Cola, Pepsi, Nike и други.

6. Не ги менуваме лозинките после хакерски напади

Најлошото нешто што можете да го направите е да не ја промените лозинката откако некоја веб страница ќе ве извести дека претрпела хакерски напад. Оваа грешка ја прават 70% од луѓето. Кога ќе дојде ред да ја менувате лозинката после хакерски напад, не вклучувајте во неа вообичаени фрази, сленг, место или име, а секако осигурајте се дека ќе направите и посебна лозинка за секоја веб страница на која имате профил.

Сподели!
- Advertisement -