ВИДЕО: Првото целосно воздушно перниче во светот за моторцикли

- Advertisement -
Патувањето со километри на моторцикл носи многу поголем ризик од смрт или поврда отколку возењето со автомобил. Податоците од САД покажуваат дека во 2006 година моторциклистите имале 35% поголем ризик од фатална незгода отколку патничките автомобили. Таа статистика е базирана на 390 погинати моторциклисти на поминати 1,6 милијарди километри.

Концептот на видеото подолу покажува систем од воздушни перничиња за моторцикл со седиште кое се исфрла. Дизајнерите на концептот велат дека идејата е воздушното перниче да се активира само ако моторциклот патува со одредена брзина и доколку повеќето поставени сензори детектираат ненадејно намалување на брзината, ненадејно забрзување или губење на рамнотежата кое не може да биде предизвикано од човек.

Со систем од каиши воздушното перниче е прицврстено на седиштето и за возачот. Каишите автоматски ќе се откопчат ако се случи судир кој не е толку силен за да го исфрли и моторциклистот од возилото или ако возачот стане додека моториклот не се движи.

- Advertisement -

Ова е првиот ваков систем во светот кој целосно го штити моторциклистот при исфрлање од моторциклот и пад на земја.

https://www.facebook.com/StartupSelfieOfficial/videos/1267055620117116/?v=1267055620117116

Сподели!
- Advertisement -