YouTube најави дека наскоро ќе забрани коментирање на сите видеа на кои се појавуваат деца и малолетници, а сето тоа со цел да се заштитат децата и семeјствата. Неколку брендови престанаа да огласуваат на YouTube откако открија дека педофили оставаат непријатни коментари на видеосодржините со деца.
YouTube најпрвин ги оневозможи коментарите на видеозаписите кои привлекуваат коментари од педофили, но сега се одлучи да забрани коментирање на сите содржини со малолетници. Оваа одлука би требало да стапи на сила за неколку месеци.
Откако примија жалби за педофилските коментари, YouTube веднаш почна да работи на отстранување на тие коментари и блокирање на корисниците кои ги оставале тие коментари, но тоа не спречи слични коментари повторно да се појавуваат на популарниот интернет сервис.
Претставници на YouTube појаснија дека забраната за коментирање во иднина подразбира автоматска забрана за коментари на видеосниките со деца и малолетници. Сервисот ќе користи алгоритми за автоматска детекција на снимките со деца.