Презентирани иновативни модели за социјално претприемништво пред бизнис заедницата

- Advertisement -

Социјалните претпријатија добија простор отворено да разговараат за предизвиците, потребите и можната соработка, заедно со институциите и бизнис заедницата во нашата земја, а како дел од Форумот за социјално претприемништво што се одржа на во хотелот Арка во Скопје во организација на Конект.

На настанот присуствуваа околу 70-тина претставници на државни институции, донатори, компании,  како и граѓански организации од целата земја кои се социјални претпријатија. На форумот се обратија претставнички од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за економија и  Министерството за труд и социјална политика.

„Форумот отвори дијалог за системските решенија за поддршка на социјалното претприемништво во нашата држава, но, и за подигање на свеста кај институциите и компаниите за начините на коишто тие можат да ги поддржат социјалните претпријатија. Работиме на развивање на еко-систем за развој на социјалното претприемништво соработувајќи со сите чиниители институциите, компаниите, донаторите граѓанскиот сектор и медиумите“- истакна Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект во своето воведно обраќање.

- Advertisement -

Нови иницијативи за социјално претприемништво беа презентирани пред бизнис заедницата во интерактивниот дел од овој настан – Конектирај се! , каде има потенцијална можност дел од предложените идеи да се поттикнат и да резултираат во успешни примери на социјално претприемништво во нашата земја. Наменет специјално за поврзување на граѓанскиот сектор со бизнис заедницата, Конектирај се!, овозможи да се зголеми поддршката за социјално претприемништво од страна на компаниите преку градење партнерства (вмрежување) со невладините организации. Дел од презентираните иницијативи беа во насока на поздрава животна средина, пофункционална локална заедница, помош на маргинализирани групи, поттик за одржлив развој и одржливи работни места за млади, жени, лицата со попреченост, како и интеграција на ранливи групи.

- Advertisement -

Иницијативата на Конект е овозможена во рамки на проектите „Промени за одржливост“, поддржан од Европската Унија  и „Иновативен модел за поддршка на социјалното претприемништво“, поддржан од Mинистерството за економија.

Конект е здружение кое од 2015 година го промовира и поттикнува личното донирање и општествената одговорност кај бизнис заедницата во насока на долгорочен развој. Конект се залага за промовирање модели што носат економски и социјални придобивки за  општеството. Во оваа насока се фокусира и на градење на партнерства помеѓу општествено одговорните компании и социјалните претпријатија.

- Advertisement -

Соработката на „Покров“ и „Тинекс“ е една од успешните приказни кои меѓу првите го промовираа моделот на  соработка на комерцијалното и социјално претприемништво во нашата земја. Приказната за оваа соработка е прикажана во видео на овој <<линк>>

Сподели!
- Advertisement -