Возбудени сме што можеме да ви го најавивме лансирањето на Sophos Intercept X Advanced со EDR, односно новиот Intercept X ќе нуди интегрирана опција за интелигентна детекција и реакција кај крајните корисници со помош на врвна заштита од злоупотреба и злонамерен софтвер.
Благодарение на Intercept X Advanced со EDR, ИТ тимовите и тимовите за безбедност сега можат подобро да навигираат со промените на денешните најсложени закани по безбедноста како што се:
– разбирање на дијапазонот и ефектите на инцидентите врзани за безбедноста
– детектирање напади кои инаку не би биле забележани
– барање показатели за компромитирани податоци на мрежата
– приоритизирање на настани за понатамошно истражување
– анализирање документи за утврдување дали се потенцијално опасни или вистински закани
– давање точни податоци за безбедноста на една организација во кој било момент
– одговарање на тешки прашања врзани за усогласеноста во случај на пробивање на заштитата
Ја знаете поговорката дека нешто е толку тешко колку да бараш игла во стог сено? Повеќето EDR решенија на пазарот денес се обидуваат да соберат што е можно повеќе податоци за да се осигураат дека ќе можат да ги пронајдат сите игли во стогот сено.
Тоа е сложен, макотрпен и рачен процес. Пристапот на Sophos е поинаков. Благодарение на најдобрата технологија во светот за машинско учење и силната директна заштита, се намалува стогот сено за побрзо да се најдат иглите.
Алатките на (EDR) на тимовите за безбедност имаат способност да детектираат, да истражат и да одговорат на сите сомнителни активности. Најдобрите EDR решенија имаат најсилна заштита и ниедно друго решение не нуди посилна заштита од Intercept X.
Бидејќи технологијата за Intercept X е доволно ефективна за стопирање на хакерски напад уште пред да почне, EDR има многу помалку работа. Тоа значи дека ИТ организациите од сите големини можат да ги оптимизираат клучните ресурси, што ќе им помогне да се фокусираат на ИТ наместо да се справуваат со лажни предупредувања и аларми.
Интелигентната EDR технологија поставена во новиот Intercept X Advanced ги реплицира способностите на висококвалификувани аналитичари, овозможувајќи им на организациите да додадат експертиза без да вработат повеќе луѓе.
Дури и за големи организации со центри за оперирање со безбедноста Intercept X Advanced со EDR ја нуди првата борбена линија за детекција и ги ослободува аналитичарите да се фокусираат на она што им е навистина битно.
Таквото предводено истражување им овозможува на тимовите за безбедност со различно искуство побрзо да увидат во каква ситуација се благодарение на водичот кој во зависност од контекстот предлага наредни чекори, јасна визуелна презентација на напади и вградено искуство. Кога ќе се заврши една истрага, аналитичарите можат да направат извештај со клик на едно копче.
За да дознаете повеќе симнете ја Intercept X Advanced со EDR.