Историски момент – НАСА го најави првиот женски атронаутски пар кој ќе патува во вселената

- Advertisement -

НАСА ја закажа првата исклучиво женска прошетка во вселената во историјата на човештвото. Астронаутките Ен Меклејн и Кристина Кох ќе ја предводат прошетката од Меѓународната вселенска станица, изјавија од НАСА .

Жените и претходно повеќе пати шетале во вселената, но на 29 март тој потфат за прв пат во историјата ќе го направи женски астронаутски пар. На Меклејн и Кох од Земјата ќе им помага трета жена, Кристен Фачиоли. Таа на 1 март напиша на Twitter дека кон крајот на месецот ќе застане зад конзолата на Вселенскиот центар Џонсон во Тексас.

- Advertisement -

Една недела пред прошетката во вселената НАСА на медиумите ќе им објасни точно што ќе прават астронаутките. Меклејн моемнтално е дел од тимот кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица со уште двајца астронаути и еден космонаут. Таа бројка на луѓе ќе се дуплира на 14 март.

Дел од екипата на рускиот вселенски брод „Сојуз“, кој ќе биде лансиран од космодромот во Баиконуру, Казахстан, покрај Кох, ќе биде и нејзиниот колега Ник Хаг и рускиот космонаут Алексеј Ошинин.

- Advertisement -

Пред прошетката во вселената со Кристина Кох, Меклејн на 22 март ќе оди во друга прошетка со Хаг. Станува збор за вселенска прошетка од Меѓународната вселенска станица, која се наоѓа на 408 км над Земјат./

Првата жена која беше во вселената беше Светлана Савицкаја на 25 јули 1984 година. Рекордот со најголем број прошетки во вселената го држи Пеги Витсон – 10.

Сподели!
- Advertisement -