Програмата на Шведскиот Институт за иновациски лидери е отворена уште два дена за аплицирање!

- Advertisement -

Целта на програмата SI Innovation Leaders (SIIL) е градење на иновативни екосистеми во земјите од Западен Балкан. Програмата ќе креира платформа за размена на знаења и решенија за проблеми помеѓу експерти од приватниот и јавниот сектор, академскиот свет а со поддршка од шведски експерти.

Во програмата може да учествуваат претставници од Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Може да се пријават сите кои се дел од иновацискиот екосистем во овие земји без разлика дали се од јавна администрација, бизнис или универзитети.

- Advertisement -

Пријавувањето е до 10 март на следниот ЛИНК.

За можностите кои ги нуди програмата и поддршката која ќе се добие од Шведска пренесуваме и неколку мислења и искуства:

- Advertisement -

Александра Наќева Ружин, член на тимот советници за програмата на Шведскиот Институт за иновациско лидерство и поранешен амбасадор на РМ во Шведска

“Имајќи ја честа да и служам, и да ја претставувам својата земја како Амбасадор во Кралството Шведска во тек на 4-годишен период, одблиску можев да ја следам економската просперитетност на земјата што се базира, пред се, на успешноста на шведските бизниси на интернационалните пазари. И додека повеќе фактори влијаат и придонесуваат за ваквиот бизнис успех на меѓународен план, еден фактор кај мене побуди особен интерес – иновативноста. Токму фокусот врз креирање и континуирано надградување на иновацискиот екосистем, поддржано со системски платформи за поттикнување успешна деловна соработка помеѓу бизнисот, академскиот сектор и владата, е “тајната состојка” за шведската успешна адаптација на методите на производство и технологии и со тоа одржување чекор со светските пазари.

- Advertisement -

Особено ми е драго што оваа програма на Шведскиот институт е посветена токму на развој на иновацискиот екосистем во Македонија и останатите земји од регионот.

Иднината на меѓународниот бизнис сектор е во рацете на оние кои можат да ја променат “играта” на утрешните пазари – оние со иновативен порив и познавање на променливите барања на пазарот – додека пак вибрантна стартап сцена, фокусирана на иновативност и интернационализација на производите и услугите, е клучен фактор за развој на силна национална економија.

Се надевам дека во блиска иднина некој Spotify, Skype, Minecraft, па дури и некој Нобел ќе биде создаден токму во Македонија.”

Игор Маџов, коосновач на Стартап Македонија и соработник во фондот за ризичен капитал South Central Venture


Шведска е една од најиновативните економии во Европа и најразвиен екосистем за подршка на иновации и стартапи кој одблизу можев да го спознаам при посетата на Шведскиот Институт. Би сакал во Македонија навистина по примерот на Шведска  да видам заживување на triple xelix моделот на иновација и креирање на позитивна средина и систем за подршка и развој на стартапи и иновации. Ме радува што преку оваа програма  избраните учесници ќе се придружат на група иновациски лидери од различни компании, организации, образовни и истражувачки институции од БиХ и Србија како би го унапредиле иновацискиот екосистем во Западен Балкан и да црпат знаење дирекно од шведскиот екосистемот кој креира најмногу unicorns по глава на жител во светот.

 

 

Нина Николиќ, амбасадор на Siil programata и  #SwissEP Eco-System Facilitator

“Среќни сме што од Шведскиот Институт ги препозна резултатите кои досега ги имаме постигнато во нашиот стартап еко-систем и потенцијалот. Со наша поддршка и информациите кои им ги пренесовме во октомври во Стокхолм е креирана супер програма за иновативни лидери. Како амбасадор на оваа програма, топло ја препорачувам и се радувам дека ќе работиме со колеги од Србија, БиХ и Шведска. Аплицирајте за да бидете дел од силна мрежа на иновативни екосистем експерти, за силна и иновативна иднина во регионот на Западен Балкан.”

Сподели!
- Advertisement -