Книготека.мк е првата македонска дигитална книжарница

- Advertisement -

Книготека.мк е првата македонска дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде што на едно место може да се најдат изданијата на голем број македонски издавачки куќи. Основната мисија на книжарницата е да ја доближат книгата до читателот на брз и едноставен начин воведувајќи го во новиот свет на модерното читање.

Читателите можат да изберат фонт, големина на текст и боја на екран, можат да подвлекуваат, да оставаат белешки и обележувачи во книгите. Пребарувањето на книгите се прави по одреден збор или фраза, а непознатите поими можат да се пребаруваат преку Google и Wikipedia. Прочитаните книги потоа може да се оценувааат и да се споделуваат на социјалните мрежи. По купувањето на секоја книга, истата може да се чита без интернет конекција.

- Advertisement -

„Го создадовме првиот агрегатор за електронски книги со цел да ги направиме книгите подостапни до читателите и да им овозможиме да читаат во кое било време, каде и да се наоѓаат во светот. Изреката ‘so many books, so little time’ повеќе не е изговор да не им се посветиме на книгите во овој брз и динамичен свет на живеење. Литературата е неопходна бидејќи нè прави попаметни и поотворени личности, а со Книготека го правиме читањето подостапно и поудобно од кога било“, вели Марија Ичокаева, раководител за административно и комерцијално работење во Книготека.мк.

Денес Книготека располага со околу 300 книги напишани од странски и домашни автори. Апликацијата е бесплатна и е достапна за сите мобилни телефони и таблети кои работат на iOS или Android. Треба само да ја симнете апликацијата, да се регистрирате и почнете со читање електронски книги.

Сподели!
- Advertisement -