Жените во Европа заработуваат 9% помалку од мажите на иста позиција

- Advertisement -

Меѓународниот портал за плати Paylab долгорочно ги следи платите на поединците на разни работни места. Мажите, во просек, добиваат 9% повеќе од жените на истата позиција. Родовата разлика посебно е изразена во анализите на платите за иста позиција затоа што таквата споредба се базира на идентични работни обврски и приближно исти предуслови за работното место како што се искуството, образованието и вештините.

Разликата во платите во корист на жените најчесто е резултат на тоа што жените ги ставаат своите кариери на чекање која имаат деца. Потребата за баланс меѓу родителските и работните обврски често ги присилува жените да прифатат работа која не е толку захтевна во поглед на нивното време. Исто така, тие имаат тенденција помалку да тежнеат кон раководни позиции во споредба со мажите.

- Advertisement -

Компаниите моментално прават напори да поддржат поголема разноликост на работното место и да создадат работни услови за жените за да се осигураат дека имаат еднакви можности и поголема мотивација за враќање на равота што порано од породилното отсуство.

- Advertisement -

Друга причина за јазот меѓу половите е дека жените вообичаено се фокусираат на помалку платените позиции. Изборот на професијата има големо влијание на приходите на жените. На пример, жените преволадуваат во дејностите администрација, сметководство, здравство и социјална заштита, човечки ресурси, образование и фармацевтски производи. Мажите се мнозинство во дејностите со најдобри плати како што се ИТ, менаџмент, транспорт и логистика, градежништво, енергетика, телекомуникации, индустрија и технологија. Дејности со урамнотежена застапеност на половите се трговијата, уметноста и културата, банкарството, маркетингот, туризмот и услужните дејности.

Вработеноста на жените во Европската унија е 66,5%. Бројот на жени кои работат и носат платаа дома се зголемува од година во година. Според Евростат, вработеноста на жените во ЕУ се зголемила за 6% во последната деценија. Најголем напредок во вработувањето е забележан кај жените во Малта, Германија и новите држави-членки на унијата како што се Полска, Бугарија и Унгарија, каде што вработеноста пораснала за 10% во последната деценија. .

- Advertisement -

Мажите се за 11,5% поактивни во вработувањето во ЕУ. Традицијата на вработување на жените варира од земја до земја и зависи од многу фактори. Земјите во кои вработувањето на двата пола е урамнотежено првенствено се нордиските земји како Литванија, Финска, Норвешка, Шведска и Летонија, каде што разиката во вработеноста е помала од 5%. Земјите во кои има најголема разлика во вработеноста меѓу мажите и жените се Малта, Италија, Грција, Романија и земјите од централна Европа, вклучувајќи ги Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Сподели!
- Advertisement -