Кина планира да ја изгради првата соларна централа во светот која ќе биде поставена во вселената со цел да обезбеди неисцрпен извор на чиста енергија. Истражувачи од Академијата за вселенска технологија на Кина тврдат дека тие веќе ја тестираат потребната технологија и планираат централата за биде изградена до 2050 година.
Како што пишуваат кинеските медиуми, технологијата ќе обезбеди неисцрпен извор на чиста енергија за човештвото без прекини од атмосферата, облаците или ноќно време. Ваквата централа ќе може да обезбедува енергија 99% од времето и тоа шест пати повеќе отколку соларните фарми на Земјата.
Во наредните десет години
е продолжат со тестирање на технологијата и ќе почнат да ја градат централа до 2030 година. Потребата за се повеќе енергија поради зголемувањето на популацијата на Земјата е проблем со кој се соочуваат сите влади и бизниси во светот. Како дел од мерките за намалување на зависноста од фосилните горива од страна на мултинационалните компании, Apple минатата година се префрли на 100% обновлива енергија во сите продавници, канцеларии и податочни центри.
Концептот за лебдечка соларна централа се анализира со децении и повеќе пати бил истражуван и од НАСА. Јапонската агенција за истражување на вселената исто така сака да постави соларна централа во вселената и има значителен напредок во остварување на таа цел. Едно од главните прашања кои се поставуваат за ваквата централа е како ќе се пренесува енергијата назад до Земјата. Според кинеските истражувачи, тие ја истражуваат опцијата за употреба на микробраново или ласерско пренесување. Посебен тим на Земјата би го ловел зракот или би го претворал во електрична енергија.
Друго прашање е како ќе стои централата во вселената. Тежината на централата на која работи Кина е речиси 1.000 тони, што е двојно повеќе од Меѓународната вселенска станица. Според написите во медиумите, Кина, наводно, ја истражува опцијата централата да биде изградена директно во вселената со помош на роботи и 3Д печатење.