Овие заеднички фрижидери ќе помогнат да се реши проблемот со отпадот од храна. Рестораните, супермаркетите и домаќинствата во Обединетото Кралство го донираат вишокот храна. Таа храна ќе се става во заедничките фрижидери поставени по улиците и луѓето ќе можат да користат што и колку сакаат.
Во еден фрижидер месечно се става по околу 500 кг храна. Досега во Обединетото Кралство има 50 вакви фрижидери ширум земјата поставени на јавни места како што се општинските центри, црквите и колеџите од центарот на Лондон до шкотските острови.
Во првите три месеци од користењето во оваа мрежа од заеднички фрижидери биле споделени 21.000 кг храна. Добротворната организација која стои зад оваа иницијатива планира да го дуплира бројот на фрижидери до 2020 година.
Во Обединетото Кралство годишно се фрла храна вредна околу 26 милијарди долари, но проблемот со отпадот од храна е глобален. Една третина од сета храна произведена во светот завршува во отпад. Еден просечен Европеец или Американец фрла од 90 до 115 кг отпадоци од храна годишно.
These innovative community fridges are helping people fight food waste
The community shared 21,000kg of food in its first three months. 📕 Read more: http://bit.ly/2F3FU3K
Posted by World Economic Forum on Понеделник, 11 март 2019