Предизвикот #TrashTag ги натера луѓето од целиот свет да собираат ѓубре

- Advertisement -

Предизвикот #trashtag се состои од правење фотографии од места кои се загадени и преполни со отпад пред и по чистењето. Тој што ја прави фотографијата е тој што го чисти местото. Facebook корисникот Бајрон Роман е тој што го почна трендот со вирален пост.

Потоа луѓето се инспирираа да учествуваат во #TrashTag предизвикот и почнаа да споделуваат фотографии од нив самите како собираат ѓубре од некои локации каде што има многу отпад. Хаштагот #trashtag и целиот концепт, всушност, датираат од 2015 година од натпреварот наречен „The Trashtag Project” спонзориран од компанијата за надворешна опрема UCO (Utility, Comfort and Originality).

- Advertisement -

Натпреварот се состоел од тоа луѓето да објавуваат фотографии од нив самите како собираат ѓубре и да учествуваат во наградна игра и да добијат шанса да освојат надворешна опрема. Благодарение на учеснциите во предизвикот TrashTag планетата Земја и Интернетот стануваат обединети.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -