ВИДЕО: Еве што прават нордиските земји за новопечените родители!

- Advertisement -

Нордиските земји се познати по грижата за своето население, вклучувајќи ги луѓето кои имаат деца и новопечените родители. Тие имаат посебен третман во нордиските земји, еве и каков.

Во Финска секоја нова мајка добива бесплатен пакет производи за бебето со облека, средства за хигиена и играчки. Она што е посебно во тој пакет е што кутијата во која се спакувани производите е дизајниран како лулка за бебето. Една приватна соба во породилните одделенија во болниците чини помалку од 100 евра, а прегледите за мајката и бебето после породувањето се бесплатни.

Во секоја од нордиските земји татковците добиваат платено породилно отстуство. Шведска дозволува вкупно 16 месеци породилно отстуство. Татковците мора да искористат барем два месеци од тој период, а периодот за искористување на отстуството трае од бременоста додека детето да наполни осум години.

- Advertisement -

Престојот во градинка за децата во скандинавските земји е субвенциониран од државата ако родителите сакаат да се вратат на работа пред истекот на породилното отсуство. Во текот на изминатите 30 години стапката на смртност на бебињата и мајките во Финска е преполовена.

This is everything Nordic countries do for new parents

Leading by example. 📕 Read more: https://wef.ch/2HzfN6o

Posted by World Economic Forum on Петок, 15 март 2019

Сподели!
- Advertisement -