Тел Авив постави „зомби семафори“ поради невнимателните пешаци

- Advertisement -

Тел Авив ги презеде првите чекори за да им помогне на пешаците на кои вниманието им го одвлекуваат мобилните телефони и вгради сигнални ЛЕД светла на пешачките премини. Градот инсталираше „зомби семафори“ за да се намали опасноста возилата да налетаат на невнимателни пешаци на пешачките премини.

Како што велат оттаму, целта е да се намали бројот на сообраќајни несреќи кои ги предизвикуваат пешаците кои преминуваат улица занесени од своите мобилни телефони, а не обрнуваат внимание на сообраќајот околу себе.Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и во Холандија.

- Advertisement -

Сигналните светла засега се поставени само на една крстосница во централниот дел на Тел Авив, но ако се покажат ефикасни, градот планира да ги постави и на други места.

Сподели!
- Advertisement -