Овој супермаркет во Германија не користи никаква пластична амбалажа. Наместо тоа, од купувачите бара кога ќе одат на пазарење со себе да понесат свои тегли, торби и други садови за да си ги земат производите. Тие садови им се полнат со точната количина која ќе ја побараат – ни помалку ни повеќе.
На тој начин се намалува отпадот од храна и се придонесува за намалување на пластичниот отпад на депониите, во реките и во океаните. Ова е дел од глобален тренд, па слични продавници се отвораат во Лондон, во Ванкувер (САД), а во Амстердам се отвори супермаркет каде што еден дел од штандовите и полиците се без пластична амабалажа.
40% од вкупната пластика произведена во светот се користи за амбалажа, а само 9% од таа пластика се рециклира. Производителите на пластична амабалажа работат на тоа да го намалат отпадот и да направат поголем дел од пластиката да биде реупотреблива.
This supermarket in Germany uses no plastic packaging
A sustainable solution. 🔎 Learn more about sustainable packaging: https://wef.ch/2TQkETz
Posted by World Economic Forum on Петок, 15 март 2019