Наместо во облак или на дискови, податоци ќе чуваме во ДНК

- Advertisement -

Последните неколку години истражувачи од Microsoft интензивно работат на развој на системи кои би можеле да кодираат дигитални податоци во ДНК, но и да ги декодираат тие податоци од ДНК. Токму тоа складирање информации во ДНК во иднина би требало да ги замени големите податочни центри и архиви, но и да го олесни чувањето големи количини податоци.

Се чини дека научниците конечно успеаја да докажат дека тоа е возможно и без употреба на софистицирана лабораториска опрема и без човечка интервенција. Според научниот труд објавен во списанието Nature Scientific Reports, тимот истражувачи од Microsoft успеал да кодира, да складира и повторно да декодира податоци од ДНК.

- Advertisement -

Станува збор за 5 бајти количина, односно зборот „hello“ и целиот процес траел 21 час, но покажаа дека тоа е возможно. Особено е битно дека целиот процес е автоматизиран и може да се направи без човечка интервенција. Уредот со кој успеале да складираат податоци во ДНК изгледа како некоја креација од лабораторија. Се состои од шишиња, цевки и држачи, но она што е најбитно е дека чини само 10.000 долари.

Притоа, податоците не се складираат на ДНК од живо битие, туку на синтетички создадена ДНК. Кога еден ден таквиот систем ќе биде комерцијално достапен, ќе може да се складираат и да се декодираат податоци многу побрзо.

Сподели!
- Advertisement -