Дури и ако не ја следите технологијата и роботиката, веројатно веќе сте виделе видеа од роб отите на компанијата Boston Dynamics, Atlas, кој може да направи салто и SpotMini, кој сам си отвора врата. Епитетите кои луѓето им ги даваат на овие роботи главно се „застрашувачки“ и „импресивен“, затоа што го покажуваат неверојатниот напредок на полето на роботиката последните години.
Boston Dynamics вчера објави видео на кое ги прикажаа новите можности на нивните роботи. Овој пат го прикажаа роботот Handle и како тој се наоѓа во складишта и пренесува пакети од една палета на друга. Од Boston Dynamics велат дека Handle може да подигне пакети до 15 кг тежина и навистина е импресивен начинот на кој се наоѓа во скалдиштата и како пренесува пакети.
Handle беше претставен уште во 2017 година, но оттогаш многу напредуваше. Висок е 2 метри, може да скокне со 1,2 метри во висина, се движи со брзина до 14,5 км/ч. Опремен е со технологија и сензори кои му го олеснуваат пронаоѓањето палети и кутии кои мора да се префрлат.
Новото видео одлично покажува колкав напредок е постигнат досега, а со понатамошниот развој на технологијата и роботиката не можеме да замислиме дека ќе имаме шанса да се натпреваруваме со вакви роботи за работа во складишта.