MIITO е модерна верзија на старото електрично ѓезве

- Advertisement -

Едно истражување од 2014 година покажа дека доколку енергијата која залудно е потрошена при користење електрично ѓезве во текот на само еден ден се складира некаде, со неа ќе може цела ноќ да светат уличните сијалици во Англија. Тоа ги инспирираше иноваторите и дизајнерите да почнат да го редизајнираат старото електрично ѓезве.

Така е создаден MIITO, модерната верзија на ѓезвето, која воопшто не личи на ѓезве. Нема кој не сака чаша топол чај, но електричните ѓезвиња трошат многу повеќе енергија отколку што треба. За да направите една шолја чај мора да го наполните целото ѓезве и да потрошите повеќе струја за вода која нема ни да ја искористите.

- Advertisement -

MIITO е прилагодлив уред кој може да згрее секаква течност и тоа директно во садот во кој сте ја туриле. Притоа, ја греете само онаа количина течност која што ви треба и тоа на температурата која вам ви одговара. Со MIITO можете да згреете дури и млеко, супа итн.

Поради едноставниот дизајн MIITO може да се користи во чаши, чинии, стаклени садови, метални лончиња итн. Едноставно наполнете го садот, ставете го на подлогата за индукција и ставете го стапчето за греење во садот.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -