- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени за нафтените деривати, кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ и ќе важат наредните две седмици.
Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,50 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,00 денари по литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе се продава по 68,50 денари за литар, a ЕУРОСУПЕР БС-98 по 70,50 денари за литар.
- Advertisement -
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстралесното масло за домаќинство ќе се зголемат за 0,50 денари по литар. Од ноќеска на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 61,00 денари за литар, додека екстралесното масло за домаќинство по 49,50 денари за литар.
- Advertisement -