Амстердам ќе забрани туристички тури во прочуениот Црвен кварт

- Advertisement -

Амстердам ќе укине една од најпознатите атракции во градот. Градските власти објавија дека ќе стават крај на туистичките тури во Црвениот кварт во холандскиот главен град. Главната причина за тоа е дека сексуалните работнички веќе се третираат како туристичка атракција.

„Сметаме дека не e добро туристите да зјапаат во сексуалните работници и луѓето да се третираат како тристичка атракција“ велат од Градот.

- Advertisement -

Новите правила за туристите ќе ги засегнат и сексуалните работници, а ќе има негодување и кај локалното население затоа што станува збор за центарот на Амстердам, кој е особено популарен кај туристите.

Холандските власти се пожалија на премногу посетители во Црвениот кварт и веќе се преземени мерки за да се намали бројот на туристи во групните посети. Максимумот е одреден на 20 луѓе и од сите туроператори се бара да имаат формална дозвола.

- Advertisement -

Забраната за туристички посети на Црвениот кварт ќе стапи на сила на 1 јануари 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -