Наместо да паметите кога да се напиете таблети за контрацепција, можете да носите контрацептивен накит

- Advertisement -

Контрацептивните таблети се ефективни само ако се сетите да ги испиете. Со цел  контрацепцијата да се интегрира во животите на жените на многу понеупадлив начин, истражувачи на Универзитетот за технологија во Џорџија направија контрацептивни лепенки кои може да се стават на накитот.

Лепенките за контрацепција веќе подолго време постојат на пазарот, но за да функционираат мора да се следи строга рутина на аплицирање и менување. Тимот од универзитетот во Џорџија откриле дека доколку тие лепенки ги инкорпорираат во накит ќе бидат попрактични за користење, особено за жените кои редовно носат накит. Истовремено, ќе биде подискретно да се сокријат, на пример, под часовник.

- Advertisement -

„Колку повеќе опции за контрацепција има, толку повеќе ќе бидат задоволени потеебите на различни жени. Бидејќи носењето накит веќе е дел од рутината на многу жени, оваа техника ќе го олесни користењето и ќе биде поефективна во спречувањето на несакана бременост“, велат истражувачите.

- Advertisement -

Контрацептивните лепенки може да се стават на различен накит како часовници, прстени, ѓердани итн. Контрацептивниот лек „левоноргестрел“ се става во мала лепенка, која на едната страна има лепак за да се прицврсти на накитот, а од другата страна лепак за на телото. Таа се става на накитот кој најдобро доаѓа во контакт со кожата, од каде што полека ќе го испушта лекот во крвотокот. 

Досега лепенките се тестирани на свињи и на глувци и покажале дека нивото на левоноргетрел останува доста високо во текот на носењето. Наредниот чекор е тестирање на луѓе. Дали жените ќе ги прифатат како опција останува да видиме, но секако е добро да се има поголем избор.

Сподели!
- Advertisement -