VIDEO: Еве како изгледа брзината на светлината во забавено видео

- Advertisement -

Светлината патува со 300 милиони метри во секунда и се верува дека досега тоа е ненадминлива брзина во целата вселена. Но, дали знаете како изгледа брзината на светлината? Можеби прашањето ви звучи необично, но оптички истражувачи од Институтот за технологија во Калифорнија неодамна ја направија најбрзата камера во светот која даде одговор на тоа прашање.

На YouTube каналот The Slow Mo Guys истражувачите од институтот ги покажаа можностите на камерата со снимање ласерска светлина низ шише млеко со околу 100 милијарди рамки во секунда. За споредба, повеќето филмови се снимаат со 24 рамки во секунда.

- Advertisement -

Снимката која ја направиле покажува како поминуваат фотоните низ млекото од лево на десно. Молекулите на млекото помагаат да се распрснат фотоните од ласерскиот зрак, слично на тоа како облаците од космичка прашина ја распрснуваат светлината од инаку невидливите ѕвезди. Според истражувачите, светлината поминала низ шишето за 2.000 пикосекунди или 2-милионитти дел од секунда.

100 милијарди рамки во секунда се само дел од способностите на новата камера. Камерата се вика T-CUP и е направена специјално за снимање на брзината на светлината.

Сподели!
- Advertisement -