Канада се загрева двапати побрзо од остатокот од светот, покажаа резултатите од најновиот научен извештај за климатски промени. Експертите предупредуваат дека промените веќе се забележливи бо многу делови од земјата и предвидуваат нивно интензивирање, пишува BBC. Во извештајот се наведува и дека многу од веќе видените ефекти на глобалното затоплување веројатно се неповратни.
Меѓу другото, експертите наведуваат дека од 1948 година досега просечната годишна температура во Канада е зголемена за околу 1,7 степени Целзиусови. Најголемо зголемување на температурата е забележано на северот, во канадските прерии и во северниот дел од Британска Колумбија. Просечната годишна температура во северна Канада се зголемила за приближно 2,3 степени Целзиусови.
Иако човечките активности и природните варијации на климата придонесоа за загревање во Канада, доминантен е човечкиот фактор се наведува во извештајот. Ефектите на глобалното затоплување значат екстремни временски услови во Канада. Растот на температурите може да значи повеќе топлотни бранови и поголем ризик од пожари и суша во некои делови од земјата.
Експертите предупредуваат дека океаните ќе станат покисели и помалку оксидирани, што бо можело да го загрози морскиот живот. Освен тоа, се предвидува дека делови од канадскиот Арктички Океан во наредните неколку децении во текот на летото ќе имаат периоди без лед. Порастот на нивото на морето, исто така, може да го зголеми ризикот од поплави, а поинтензивните дождови може да предизвикаат проблеми со поплави и во урбаните средини.
Сепак, експертите наведуваат дека степенот на загревање може да се ограничијата на другите с ако се преземат глобални мерки за драстично намалување на емисијата на јаглерод диоксид и намалување на емисијата на други стакелнички гасови.