Телекомуникациската компанија Vip, која е присутна на македонскиот пазар речиси 12 години, e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.
Во 2017 година А1 Телеком Австрија Групацијата ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Vip на македонскиот пазар. Оттука, во текот на оваа година Vip брендот ќе биде заменет со А1 брендот.
Со континуираните инвестиции и иновации уште одсамиот влез на македонскиот пазар, Vip значително придонесува во развојот и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во земјата. Овој тренд и натаму ќе продолжи и под брендот А1, со нови вложувања во мобилната и фиксната инфраструктура, технологии и мрежа на нови генерации, притоа поттикнувајќи го развојот на дигитално општество. Во исто време, под новиот А1бренд, компанијата ќе продолжи да нуди иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците , притоазацврстувајќи ја дигиталната трансформација на македонското општество.
„Пред речиси 12 години, Vip влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и предизвика вистински конкурентен натпревар. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Vip силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво. Водејќи се од едноставното мото „Повеќе за вас“, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Оттогаш па сè до денеска, континуирано воведуваме иновативни производи и услуги, како и изградба на сопствена 3G и 4G мрежа. Во текот на овие години,Vip се трансформираше од само-мобилен оператор, во потполно конвергентна компанија која нуди мобилна и фиксна телефонија, ТВ и ИКТ услуги. Но, ние не застануваме тука. Со прилагодување на дигиталната еволуција која се случува околу нас, еволуираме и ние и стануваме дигитална компанија. Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогататнивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време“, изјави МиславГалер, извршен директор на Вип.
Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство. И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.
За повеќе информации посетете ја веб страницата www.A1.mk