Богати Нигеријци нарачувале пица од Лондон преку British Airways

- Advertisement -

Нигеријци нарачувале пици од Лондон и ги транспортирале повеќе од 4.800 км преку British Airways. Според нигерискиот министер за земјоделство, Ауду Огбех, новиот интернационален тренд за нарачување брз храна веќе станува досаден и властите сакаат да му стават крај.

„Тие купуваат пици од Лондон, British Airways ги носи наутро и си ги подигнуваат од аеродром. Оваа ситуација веќе почнува да нервира и мора побрзо да преземеме нешто да ја прекинеме“ изјави Огбех. Тој не напомена дали тие сами патуваат со авион до Лондон и купуваат пица или праќаат некој друг да ја купи.

- Advertisement -

Иако тој не потенцираше кој нарачувал пици на овој необичен начин, неговите коментари привлекоа големо внимание и ралични реакции кај јавноста. На Twitter имаше коментари: „Драги @British_Airways, зошто не не известивте дека имате достава на пица до Нигерија? Има ли апликација за нарачка?“; „Што е тука лошо? Нели истите авиони на BA се враќаат во Лондон со свеж зеленчук од Анамбра? Ако некој ги сака британските пици, што има лошо во тоа?“

Коментарите на министерот следуваа откако нигериската влада објави дека ќе го намали увозот со цел да ги спречи Нигеријците да увезуваат од ориз до доматен сос затоа што мислат дека со тоа го покажуваат својот социјален статус и нивната висока класа. Според него, оваа навика и наштетува на економијата на Нигерија.

- Advertisement -

Медиумите се обратија до British Airways за коментар, но уште нема одговор.

 

Сподели!
- Advertisement -