Објавен е водич за финансирање иновации за мали и средни претпријатија

- Advertisement -

Финансиите играат клучна улога во развојот на иновациите, бидејќи им овозможуваат на компаниите да спроведуваат истражувања, да ги усвојат потребните технологии за иновациска дејност, како и да ги развијат и да ги комерцијализираат иновациите. Компаниите можат да користат различни инструменти обезбедени од различни видови на финансиски посредници, инвеститори или друг тип организации, за да ги финансираат иновациските активности.

Пристапот до надворешни извори на финансирање често е предизвик во раните фази на развојот на бизнисот, бидејќи во оваа фаза компаниите се соочуваат со високи бариери за пристап до финансии, особено затоа што им недостигаат соодветни финансиски резултати.

- Advertisement -

Водичот за иновации за мали и средни претпријатија (МСП) обезбедува информации за основните алатки што се применуваат во разните МСП за поддршка на иновациите. Притоа, не се фокусира на искусни експерти од областа на истражувањето и развојот (И&Р), туку на персоналот во МСП (менаџерите на човечки ресурси, лица одговорни за развој на производи или процеси и сл.), а кој е неопходно да ги познава основите на една успешна иновациска практика.

Креирањето на водичот за финансирање иновации за мали и средни претпријатија и на водичот за иновации на МСП, е поддржано од страна на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија, a издавач е Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР.

- Advertisement -

Водичот за иновации за мали и средни претпријатија може целосно да го преземете и прочитате на следниот линк.

Водичот за финансирање иновации за мали и средни претпријатија може целосно да го преземете и прочитате на следниот линк.

- Advertisement -

(www.biznisregulativa.mk)

Сподели!
- Advertisement -